Изјавата на Цеца Ражнатовиќ по одржаниот концерт во Москва на синот на нејзиниот покоен сопруг му послужи како инспирација за уште еден јаван напад упатен кон маќеата.![]()
Цеца во Москва наполнила позната дискотека со околу 4000 луѓе,а изјавата на Цеца за руските медиуми во кои таа го нарече претседателот на Русија Владимир Путин за најголем фраер стигна и до синот од првиот брак на покојниот Жељко Ражнатовиќ, Војин Ражнатовиќ, кој редовно ја става маќеата на столбот на срам.
-Цеца изјавила „Путин е вистински шмекер“. Баш би сакал да видам фотографија од нив двајца бидејќи малку ми е дискутабилно дека претседател на Русија покрај скорешната трагедија на пилотите и бројните обврски би одвоил време да отиде на концерт на некоја си балканска пејачка. Баш би сакал да го видам тоа чудо – напиша Војин и предизвика лавина коментари.









