Синот на Бин Ладен повикува на војна: Нападнете ги Лондон, Вашингтон и Париз (Видео)


Синот на Осама бин Ладен, познат како Принц на тероризмот, објавил порака во која ги повикува џихадистите да ги нападната Лондон, Вашингтон и Тел Авив. Хамза Бин Ладен, инаку роден во 1991. година, ги повикал приврзаниците на Ал Каеда да ги нападнат западните земји, но и Тел Авив и Израел.princ-na-teror-sin-bin-laden-02

Воведниот дел на објавената аудио снимка го одржал Ајман ал Завахари, сегашен шеф на терористите, пренесува Express.co.UK. Како што пренесува Daily mail, интересно е дека Хамза Бин Ладен во пораката не ја споменал ИСИС, која ги собира исламските екстремисти од целиот свет.

Според разузнавачки извори, Хамза бил најблиската личност до Осама бин Ладен. На Хамза мозокот му бил “испран” од терористите уште во младите тинејџерски години. Најпрво се мислело дека го загубил животот заедно со својот татко, но овие и слични информации тоа го демантираат.

Идејата на Хамза била војната од Кабул, Каза и Багдад, да се префрли во Вашингтон, Лондон, Париз и Тел Авив.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1