Апликација за бесплатно праќање пораки, без интернет


Не ви треба роаминг, (речиси) не ви треба интернет, нема големи сметки, а сепак, апликацијата ви овозможува да испратите бесплатна порака до било кое катче на планетата.firechatCOVER-650x325

FireChat е совршена за луѓето што патуваат, бидејќи овозможува да праќате и примате пораки апсолутно бесплатно и без постојана интернет конекција, благодарение на уникатниот принцип на „мрежен прием“. Овој систем работи така што ја пренесува пораката од еден до друг телефон (на кој е инсталирана оваа апликација) преку Wi-Fi и Bluetooth антената. Во основа, сé што треба е вашиот телефон да налета на друг телефон со интернет, и пораката ќе биде пратена инстантно.

Кога не постои конекција во близина, пораките се чуваат до моментот кога постојат услови да бидат пратени. Тогаш, пораката се префрла од еден на друг телефон сé додека не стигне до примателот. Притоа, пораките се енкриптирани, па нема причина од загриженост дека некој од попатните приматели ќе може да ја прочита.

Со оглед на начинот на кој работи, јасно е дека процесот на испраќање на пораката може и да потрае околу 10-20 минути, ама важно е што вашата порака ќе стигне каде и да ја пратите без да платите ни денар. Уште подобро, апликацијата е достапна и за iPhone, а и за Android телефоните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1