Синот на Џони Деп тешко болен, актерот ги откажа сите ангажмани


Ванеса Паради, поранешната невенчана сопруга на Џони Деп, ја пропуштила премиерата на нејзиниот нов филм „A Knife In The Heart“ во Париз, оти нивниот син Џек бил многу болен. 3асега, не се открива за што точно се работи, јавуваат медиумите.

„3а жал, Ванеса не можеше да ни се придружи вечерва на премиерата. Таа мораше да отпатува оти нејзиниот син има сериозни проблеми со здравјето“, изјави Јан Гонзалес, режисер на филмот. Паради и Деп никогаш не стапија во брак, но пред да се разделат во 2012 година беа заедно 14 години. Освен Џек, тие имаат и постара ќерка – Лили Роуз Деп.

Шеснаесет годишниот Џек Деп, син на холивудскиот глумец Џони Деп и на глумицата Ванеса Паради е тешко болен. Поради лошите вести неговите родители ги откажаа работните обврски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1