Мигрантката која наводно ширела сида по Србија е уапсена – се чекаат анализите од крвта


Фатима Алас (35), од Јордан за која српските медиуми пишуваа дека наводно ширела ХИВ по Србија, а за која постои соменж дека заразила повеќе од 500 мажи, уапсена е вчера во Белград.

Таа е префрелан во женскиот затвор во Пожаревац, а земена и е крв за анализа како би се утврдило дали навистина е инфицирана со опасниот вирус. Резултатите ќе бидат познати за три дена. Инаку Фатима е уапсена во Караѓорѓевиот парк во Белград и со проверка утврдено е дека не постапила по претходно изречена мерка за напуштање на Србија, па спроведена е во полициската станица во Савски венец.

-Таа не е казнета за проституција, туку поради тоа што на 17 април не ја напуштила земјата, како што претходно и е наредено. Се претпоставува дека во затворот е изолирана од останатите затворенички, додека не стигнат анализите на крвта, кои би требало наскоро да бидат готови. Мажите во Србија се во паника, бидејќи не знаат дали се заразени со ХИВ вирусот, а и колку други луѓе тие заразиле стапувајќи во интимни односи. Ако се дознае дека Фатима е заразена со ХИВ, како и дека знаела за тоа, а свесно стапувала во интимни односи со мажи, пренесувајќи им ја така болеста и за тоа земала пари, предметот ќе биде испратен кај надлежниот обвинител, кој ќе покрене постапка и ќе реши дали ќе подигне обвинение- дознаваат српските медиуми.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1