Синот на Љубомир Фрчкоски, Јон Фрчкоски е избран за нов претседател на СДММ Центар.
Поставувањето на Јон Фрчковски за претседател на СДММ на Центар предизвика лавина незадоволство пред се кај симпатизери и членови на СДСМ, кои во овој чекор видоа продолжување на непотизмот и отпор кон зачленување и внесување на млади и прогресивни сили во партијата, пишува Курир. Според коментарите на социјалните мрежи, пренесувањето и наследувањето на функциите од татко на дете во СДСМ не престануваат.
Љубомир Фрчковски беше претседателски кандидат на СДСМ на последните претседателски избори, како и министер во повеќе ресори во владите на СДСМ.
Курир