Синот на претседателот Иванов стана диџеј!


Синот на претседателот Ѓорге Иванов, Иван Иванов, стана диџеј. Младиот студент затсиноќа во Галерија 8 имаше можност да ги забавува сите присутни со неколкучасовен сет кој беше комбинација од најголемите рок хитови на сите времиња, пренесува Вечер.

ivanov sin didjejПесни од Мајлс Дејвис, Џими Хендрикс, дел од хитовите на Ролинг стоунси, Леб и сол и Дип парпл беа само дел од песните кои се најдоа на музичкиот репертоар на Иван, кој се покажа како одличен диџеј и феноменално си ја заврши својата работа.

Дека синот на Иванов знае да управува со миксета и плочи, заклучија и многубројните гости кои просторот над безистенот во Старата скопска чаршија го напуштија со насмевки на лицето, на што младиот Иван се заблагодари притоа закажувајќи им нова средба во скоро време.

Дали ова значи дека синот на претседателот планира и посериозно да се испроба како диџеј или, пак, ова му е само хоби со кое се забавува кога е послободен, останува да видиме…

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1