Сирена, желка, петел – цветни склуптури – од ученици за Скопје


Учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во моментов работат на металните конструкции на морска сирена, петел и три бува. Склуптури, но не обични туку цветни !!

Како што информира Нова Македонија, откако ќе бидат завршени конструкциите ЈП „Паркови и зеленило“ поставуваат филц (еден вид ткаенина), на која се поставува земја на која се садат цвеќињата. Интересни, несекојдневни нови украси за Скопје.

Вакви склуптури веќе има низ градот. Паун во новиот парк на булеварот Теодосиј Гологанов, риба на кружниот тек на улицата Боца Иванова и желка пред Зоолошката градина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1