Македонците поздравени на македонски


Пратеникот од опозицијата во австралискиот Парламент Кристофер Пејн на последниот ден на годишното парламентарно заседание им изрази голема благодарност на Македонците кои се вработени во службите, за нивниот придонес во успешното работење и на македонски јазик им ги честита божиќните и новогодишни празници, јави дописникот на МИА од Австралија.


Крајот на годишното парламентарното заседание е одбележано и со прашањата поставени од астралискиот пратеник од Перт, Лук Симпкинс кои останаа неодговорени од страна на министерот за надворешни работи Боб Кар.

Станува збор за многу поплаки кои се доставени од Австралијци од етничко македонско потекло кои имаат тешкотии за патувања во Грција.

Симпкинс го прашал министерот Кар какви мерка презема австралиската Влада во врска со австралиските пасоши во кои имињата на македонските села, градови и региони се заведени, а веќе се хеленизирани и повеќе не се признати од Грција, за Атина да го почитува тоа.

Тој прашал дали тоа ќе им прави проблеми за евентуален влез во други членки-држави на Европската унија. Пратеникот Симкинс го праша министерот Кар дали знае дека има обвиненија дека некои австралиски државјани давале информации на Грчката амбасада и конзулатите за тоа кои биле македонски активисти и врз основа на таквите информации се правела црна листа на активисти од македонско потекло на кои им е забранат влез во Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1