Сиријка се закани: Ќе го убијам детето ако турските власти не ми дозволат да ја поминам границата


Сиријката Халаф Алкорде, која е мајка на две деца, се закани денеска дека ќе убие едно од своите деца, доколку турските власти не им дозволат да ја преминат границата и да заминат кон европските земји.

– Ќе си го убијам детето пред сите ако властите и ОН не ни помогнат да се извлечеме оттука и да заминеме кон Европа, истакна таа очајно пред телевизиските камери.sirian_thumb_medium380_0

Алкорде е само една од стотиците жени од Сирија и Ирак, кои неколку дена се наоѓаат на автобуската станица во Истанбул во обид да тргнат кон границата со Грција или Бугарија.

Турските власти не им дозволуваат на бегалците да се приближат до автобусите кои сообраќаат кон тракискиот регион од земјата. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1