Српски водител се бара по потерница – му се заканувал на Вучиќ (Фото)


Радомир Почуча, поранешен водител, на својот Фејсбук профил отворено повика на убиство на шефот на српската влада. Овој платеник пишува дека премиерот ќе заврши како романскиот комунистички претседател Николае Чаушеску.

radomir-pocuca-aleksandar-vucic-foto-facebook-foto-marina-lopicic-1442354087-741579-620x400– Можеш и мораш да ни го по…. к….ц ти и твоите западни наредбодавци. Подобро да избегаш сам, бидејќи ако останете каде што си, ќе завршиш како Чаушеску – напиша Почуча, а под сето тоа се најде слика на премиерот Вучиќ.radomir-pocuca-pretnje-fb-1442399051-741847

 

Инаку, Почуча во февруари оваа година, избега од Србија, и тоа пред се поради процесот што го покрена обвинителството против него за заканите насочени кон Жените во црно, упатени додека тој беше портпарол PTJ (Антитерористичката единица на српската милиција МУП). Неговиот престој на бојното поле во Украина, каде што е од почетокот на оваа година, е проследено со бројни контроверзи и обвинувања за проневера на хуманитарната помош. Во средината на март, тој беше уапсен за наводно планирано убиство на српски доброволци кои се борат на страната на проруските сили, но  крајот од април тој е ослободен. Од тогаш се наоѓа во Москва и секојдневно објавува фотографии преку социјалните мрежи.

По него веќе има објавено потерница, а сега дополнително ќе биде под притисок.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1