Сиријците го слават Путин како ослободител – бараат од ИСИС да се предаде


Хелихоптери на сириското војно воздухоплоство фрлиле летоци со кои ги повикуваат терористите да се предадат, а цивилите да ги напуштат местата бидејќи набрзо ќе започне голема војна операција на сириските сили. Летоците се фрлани во југот на провинцијата Хама по местата Рaстан и Талбиси. Дистрибуирани се два типа на летоци, едните содржат детални инструкции за тоа како треба луѓето да се однесуваат во случај на приближување на контролни пунктови на сириската војска, како и повик на цивилното население да ги напушти домовите поради воената акција која предстои.

vladimir-putin-foto-ap-1444010208-754873-14899

“На оние кои ги поседуваат овие летоци им се дозволува потполно безбедно да ги преминат контролните пунктови на сириската и арапската армија. Војската ќе пружи медицинска помош и храна. Соработувајте со сириската војска и напуштете ја зоната во која ќе се одвиваат борбени дејствија поради заштита на својот живот”, пишува на летоците кои се фрлани за цивилите.

На другиот лист главната команда на вооружените сили предлага граѓаните на републиката кои застанале на страната на терористите да го положат оружјето и престанат да се борат со војската. “Иднината е пред вас, можноста е отворена за да се вратите во своите домови. Не е доцна да ја искористите оваа можност. Положете го оружјето, како што тоа го направија стотина други. Државата ќе се погрижи за вас, и вашето враќање”, напишано е на другиот леток.

Во четвртокот е објавено дека сириската војска припрема голема антитерористичка операција на југот на провинцијата Хама, покрај останатите и во местата Растан и Талбиси, кое моментално го контролираат милитантите на терористичката организација Нисра фронт и Исламската држава. Терористичката организација брои повеќе од 5.000 терористи. Сириската команда има за цел да обезбеди пат кој ги поврзува големите сириски градови Хомс и Хам. Градовите се наоѓаат под контрола на владините сили. Сепак, населените места помеѓу нив се сметаат за главно упориште на терористичките организации, влучувајќи ја ИД во овој дел на Сирија. Патот редовно е мета на снајпери, поставени мини и минофрлачи.

Британската новинарка Линдзи Хилсум тврди дека многу Сиријци го сметаат рускиот претседател Владимир Путин за свој пријател, а руската војска како заштитици и херои. Населението во сириските градови Тартус и Лактакиј верува дека руската војска операција против терористичката група на Исламската држава води кон завршување на војната, пишува британската новинарка.

Покрај тоа, тие веруваат дека САД треба да се обвини за зголемување на силата на терористите и нивните приврзаници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1