Мора да паднат Русија и Путин – 40 групи терористи се обединија за оваа цел (Видео)


Руската воена интервенција во Сирија доведе до соединување на повеќе од 40 милитантни групации кои досега се бореа против Башар ал-Асад, а повремено и едни против други. Тие сега заеднични ги нарекуваат Русите „окупатори“, а меѓу овие групи се и моќните Ахрар ал-Шам, Исламска војска и фронтот Леванта.

На џихад против „руската окупација на Сирија“ повикано е и сириското Муслиманско братство, кое борбата против руските сили ја нарече должност на секој кој може да носи оружје.krst-na-putin

Инаку повеќе од три илјади милитанти од т.н. Исламска држава и терористичките групи Јабхат Ал-Нусра и Јаиш ал-Јармоук побегнаа од Сирија за Јордан во страв од можна офанзива на сиријската војска, рече воен извор за руската новинска агенција РИА Новости.

Според изворот, сириската војска во неделата веќе нападнала милитанти од ИД и Хабхат ал-Нусра во предградието на главниот град Дамаск и во провинциите Деир Езор и Хомс, како и во градот Палмира.

Во Деир Езор во тек е борба, а според извештаите убиени се околу 160 милитанти, додека воениот напад на Хомс и Палмира резултирал со 17 жртви на милитантите од ИД.

Во понеделникот, сириските хелихоптери на југот од Хама фрлиле летоци со кои ги повикаа терористите да се предадат, а цивилите ги предупредиле дека се припрема воена акција на тоа подрачје. Летоците се фрлени и на териториите Растан и Талбисех кои ги контролираат џихадистите и милитантите од ал-Нусра.

Од друга страна една од најмоќните шиитески вооружени групи во Ирак, Асаиб ал Хак, во потполност ја поддржува руската интервенција и воздушните удари против ИД на Блискиот Исток, соопштија денес од таа организација.

Тие исто така ја обвинија САД за неодлучност кампањата против џихадистите во Ирак и Сирија, пренесе Ројтерс.

rusija-sirija

Портпаролот Асаиб ал-Хака Наим ал Убуди истакна дека воздушните удари кои Русија ги покрена минатата недела против ИД во Сирија веќе даваат резултати.

„Знаеме дека САД во послените години не беа сериозни во своите намери да стават крај на ИД“, истакна тој.

За потсетување, Москва најави дека со воздушни операции ќе интервенира против ИД на територијата на Ирак само ако Багдад тоа го побара.

„Ако добиеме молба од владата на Ирак, односно Советот на безбедност, ние ќе ја започнеме политичка и воена акција на таа територија“, објасна Илија Рогачов, претставник на руското Министерство за надворешни работи.

Претседателот на Русија на денот на почетокот на руските воздушни напади во Сирија, потпиша декрет за ангажирање на 150.000 регрути во руската војска.

Тајмингот на овој декрет предизвика сомнеж на Запад дека Путин можеби планира да ја шири офанзивата за да му помогне на Башар ал-Асад. Димитриј Песков, портпарол на Кремљ инсистирал овој документ да не се поврзува со војната во Сирија.

„Тоа е редовен документ кој претседателот го потпишува два пати годишно. На никој начин не е поврзан со Сирија, секако, тамошната ситуација не се однесува на регрути“, рече Песков за „Спутник“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1