Сириската сунитска вооружена опозиција помогната од сунитските земји од регионот и од Западот, ги отфрли во саботата предлозите на Москва да им помогне во борбата против екстремистичката сунитска организација Исламска држава, а исто така се противи и на повикот на Русија за иднина на Сирија да решава сирискиот народ преку одржување нови избори.
„Русија ја бомбардите Слободната сириска армија (FSA) и сега сака со нас да соработува и притоа да остане ангажирана на страната на (сирискиот шиитски претседател) Башар ал-Асад? Ништо не разбираме“, изјави за AFP Ахмад Сауд, портпарол на ткн 13-та дивизија на FSА, вооружена групација од неколку опозициски групи, кој од почетокот на конфликтот во март 2011 година, како и водството на FSA се наоѓа во егзил во Турција.
Москва на 30-ти септември ја започна воздушната кампања против Исламската држава и другите радикални исламистички терористички групи. Меѓутоа, западот тврди дека ткн „умерена“ опозиција која тој ја помага, а за разлика од другата сириска опозиција не контактира со Москва и покрај барањето на руската страна, тврди дека токму тие се цел на руската воена акција и дека воздушните удари се со цел да се заштити сирискиот претседател Асад.
Меѓутоа, оваа опозиција контролира многу мали џебови на територијата на Сирија, за големиот обем на руските удари да биде насочен кон нивните скромни борбени капацитети, сметаат аналитичарите.
„Наместо да зборуваат за тоа дека сакаат да ја поддржат Слободната сириска армија, Русија би требало да престане да ја бомбардира“, изјави Самир Нашнар, член на Сирискиот национален совет кој ја обединува политичката опозиција во егзил. „Дури 80отсто од руските воздушни удари се насочени на FSA“, додава.
Претходно во саботата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров критикувајќи ги САД за одбивањето да ги координираат своите акции во Сирија со Русија, потврди дека Москва е подготвена да соработува со патриотската опозиција, а исто така во воздушните напади ја поддржува Слободната сириска армија (FSA), отфрлајќи го обвинувањата на Вашингтон дека дури од 80 отсто од руските воздушни удари биле насочени кон опозициските групи а не врз позициите на Исламската држава. Истакна дека тоа се прави и покрај тоа што САД „одбиваат да споделат со нас информации за тоа, каде според американските процени се наоѓаат терористите, а каде патриотската опозиција“.