Сириските милитанти обезглавуваат соработници на Асад пред очите на децата – Вознемирувачко!


Варварско убиство проследено со радосно навивање, вака Дејли Меил го опишува обезглавувањето на соработници на сирискиот претседател Башар ал Асад од страна на бунтовниците.

Британскиот портал пишува дека ужасните сцени, кога се убиваат припадници на „Схабиха“ познати како „духови“ кои му се верни на Асад се случиле на 31 август во градот Кефергхан, во северот на земјата.

sirija-pogubuvanje-dec-05 (1)Најболниот момент од овие крвнички убиства е што се случуваат пред очите на деца, кои мирно седат и молчеливо го набљудуваат хоророт, а според нив, сторителите, кои со меч ги обезглавуваат мажите клекнати на колена се херои, пишува Дејли Меил, од каде се појаснува дека фотографиите се добиени од фоторепортер чиј идентитет поради негова безбедност не се открива.

Фотографот накратко го опишал ужасното искуство. Тој напишал: “Ова беше четврта егзекуција тој ден. Мажот, со заврзани очи беше донесен на плоштадот. Се чувствував ужасно и бев на работ на повраќање повеќепати. Толпата беше среќна, навиваше. Јас морав да останам мирен и не смеев да се мешам, за да не ме избркаат, но и покрај се’, јас не можев со ништо да го сменам тоа што се случуваше таму.“

“Видов сцена на крајна суровост: човек да се третира на начин на кој ни едно човечко суштество никогаш не треба да се третира. Но, ми се чини дека за две и пол години, војната го има деградирано човештвото во нив. На овој ден, луѓето кои ги извршуваа егзекуциите немаа контрола над своите чувства, своите желби, нивниот гнев. Беше невозможно да се запрат.“, додал фотографот.

“Не знам на која возраст беа жртвите, нешто говореа, но не ги разбирав. Се противеа, но не успеваа да се одбранат. Кога егзекуторот ја крена глава во воздух сите среќно врискаа и мавтаа со оружјето. Во тој миг помислив дека не сум во Сирија, туку во Средниот век.

Сирија стигна до тој степен каде луѓе безмилосно се убиваат, а толпата ужива во тоа. Како човек никогаш нема го заборавам тоа што го видов таму, но како новинар, имам одговорност и имам камера и должност ми е да го споделам тој хорор со светот“.

Точка.ком.мк

Т

 

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1