Грчкиот народ одлучи да и даде втора шанса на СИРИЗА и нејзината досегашна влада. Според првите официјални резултати на 21 проценти од пребројани гласови, СИРИЗА води со 35,4 проценти од гласовите, Нова демократија со 28,2 проценти. Разликата меѓу двете партии се очекува дека ќе биде повеќе од 7 проценти.
Дора Бакојани, пристигнувајќи во седиштето на Нова Демократија, го призна поразот и му посака успех на Алексис Ципрас.
Трета партија според резултатите, останува неонацистичката Златна зора со 7,3 проценти од гласовите. Партијата, и покрај апсењето и затворањето на лидерите на партијата, не изгуби дел од својата поддршка, а според анектите на медиумите била омилена партија кај невработените грчки гласачи.
Четврта партија, која се смета за еден од воскреснатите политички фактори и побединици на вечерта, е ПАСОК со 6,5 проценти од гласовите, зад неа е Комунистичката партија со поддршка од 5,5 проценти. Партијата Река доби поразителни 3,8 проценти од гласовите, Независни Грци исто така 3,7 проценти, додека пак малечката партија Унија на центарот добива 3,5 проценти од гласовите и веројатно влегува во парламентот за првпат.
Според првите резултати, СИРИЗА би добила 144 пратеници, Нова демократија 75, Златна зора 20, ПАСОК 17, Комунистичката партија 15, Река 10, Независни Грци 10 и Унија на центарот 9 пратеници.
Ципрас пред малку со голема насмевка, придружуван од неговата партнерка пристигна во штабот на СИРИЗА дочекан од голема еуфорична толпа поддржувачи.