Сиромашна Македонија: Болни бегаат по пижами од болница за да не платат


За да го избегнат плаќањето партиципација за лекувањето или операцијата, пациенти на јавните здравствени установи бегаат од болница. Овој стар проблем, велат директорите на установите, никако да се реши. Тие објаснуваат дека не остануваат покуси само за партиципацијата, која кај нас не е повисока од околу 100 евра, туку дека во најголем број од случаите за услугата што ја дале не може да си земат пари од Фондот за здравство, зашто не зеле уредна документација од пациентот. Некои од установите ги тужат пациентите-неплаќачи, а некои едноставно им ги простуваат долговите, пишува Нова Македонија

kliniki- brza pomos urgentenСе случува осигуреникот да плати со камата, кога по неколку години повторно ќе побара помош од истата установа, но и повторно да остане должен.  Во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар чуваат 40 здравствени книшки на пациентите, кои си ги оставиле и побегнале за да не платат. Директорот, д-р Аријан Даци, вели дека кај нив пациентот ја остава книшката, па ја зема откако ќе го уреди плаќањето.

– Некои се постари книшки, а некои од годинава. Ги оставиле и побегнале. Одлучивме дека нема да тужиме – вели д-р Даци.

– Има пациенти што ќе застанат на шалтер, уредно ќе си ги предадат документите и ќе кажат дека немаат пари да платат. Те гледаат жално на шалтер. Што да сториш? Има пациенти што лежат во болница, ќе излезат, ќе се поздравиме и ќе кажат дека ќе дојдат да платат и да си ја земат отпусната листа, а потоа никаде ги нема. Им се јавуваме, испраќаме опомени. Порано плаќавме адвокат и тужевме, но не оди исплатата. Го информираме редовно Фондот за овие случувања – вели нашиот соговорник.

„ДОАЃААТ СО СКАПИ КОЛИ, А НЕ ПЛАЌААТ“

Некои од пациентите, раскажуваат лекарите, бегаат тајно, како на филм, без некој да ги види. Има и такви што знаат и во пижами да побегнат. Д-р Чибишев раскажува дека има пациенти што не сакаат да платат иако, вели, имаат пари.

– Едноставно се научиле да не плаќаат. Ги гледаш доаѓаат со скапа кола, носат по два мобилни телефони, пушат скапи цигари и не плаќаат. Ние немаме механизам да наплатиме. Ургентен центар сме за интерни клиники и прво му помагаш на болниот. За три години имаме ненаплатено осум милиони денари – се жали докторот.

Целиот текст на – Нова Македонија

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1