Сите белци од Европа поттекнуваат од еден човек кој живеел пред околу 10.000 години некаде меѓу Индија и Блискиот Исток, покажа истражувањето на американските научници од Медицинскиот колеџ на Државниот Универзитет во Пенсилванија. Истражувањето е спроведено врз основа на претходно направената студија, со која е откриен клучниот ген кој придонесува за посветол тон на кожата на Европејците.
Во поранешните истражувања водачот на екипата, Кит Ченг откри дека само една различна амино-киселина во генот SLC24А5 придонесува за различната боја на кожата меѓу луѓето од Европа и западна Африка.
– Мутацијата во SLC24А5 менува само еден градивен елемент во протеинот дезоксирибонуклеинска киселина (ДНК), со што придонесува за дури една третина воочливи разлики во бојата на кожата на луѓето, рече Ченг. Тој објасни дека мутацијата, благодарејќи на кои Европејците ја имаат посветлата кожа, опстанала најверојатно затоа што таа на облачниот север овозможила подобро создавање на витаминот Д со помош на сончевите зраци.
На студијата се приклучи и професорот, Виктор Кенфилд за да ја забележат разликата на ДНК ширум планетата. Тимот ја проучувал мутацијата на сегментите на ДНК кои се наоѓаат многу близу, на ист хромозом и главно заедно се пренесуваат на потомството. Откриената мутација А111Т е пронајдена кај речиси секоја испитана личност со европско потекло. Таа исто така е откриена и меѓу луѓето од Блискиот Исток и од Индија, додека во Африка речиси ја нема.
А111Т мутацијата делат генетски код кај еден предок, што значи дека сите белци потекнуваат од една единствена личност.
– Оваа мутација е последица на комибнација на две мутации карактеристични за населението на Источна Азија – Кинези, Корејци и Јапонци. Тоа покажува нивно заедничко потекло со Европејците. Сепак, претците и едните и другите географски се поделиле пред околу 50.000 години, многу пред мутацијата да е заслужна за светлата кожа. Потребни се уште истражувања за да се отркие што довело до бојата на кожата на населението на Источна Азија, рече Ченг.