Повеќе од 5.000 новоизградени стана само во Скопје стојат празни. Во услови на најави за поевтинување на станбениот квадрат, подолго стагнира продажбата, а дел од инвеститорите не успеваат да го продадат изграденото. Намалената побарувачка најмногу се должи на кризата.
Ако пред пет години луѓето купуваа станови за да ги издаваат и да прават бизнис, сега се купува само за да се реши животното станбено прашање. Дел од невселените станови, а кои не можат да се продадат, се земени од банките како залог за невратените кредити.
Градежниците потврдуваат дека клучна причина за застој на пазарот на недвижности е трендот на пад на цените, кој почна годинава. Но, според дел од нив, становите наместо да поевтинат, треба да поскапат и дека ако треба да ги спуштат цените, ќе бидат принудени да го намалат квалитетот на градежните материјали.
Дневник