Откако заради коронавирусот Бугарија го стави Банско под карантин, началникот на Регионалниот центар за гранични работи Исток со седиште во Делчево, Марјанчо Шумански на мислење дека граѓаните кои го посетиле ова туристичкото место во периодот околу и после 8 март треба да се пријават до надлежните.
Ова денес тој го предложи како мерка пред Регионалниот штаб за кризи кој се одржа во Делчево.
Еве сега жариштето се проширува, имам последна информација дека Банско е од типот на Дебар во карантин, а имаме луѓе кои биле присутни на подрачјето на Банско. Ќе мораме апел да пуштиме до медиумите сите да бидат свесни и да се пријават и да се стават во самоизолација. Апелот мора секојдневно да се споделува, бидејки поединци се однесуваат неодговорно, вели Шумански.
Шумански информираше дека според евиденцијата на Регионалниот центар за гранични работи, досега вкупно 39 лица од странски држави, се вратиле во Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево, од кои најмногу од Италија.
Тие се претежно од Италија вие знаете дека нашите претежно се ориентирани на привремена работа во тој регион кај што е жариштето. Моментално по евиденција за влез во Република Македонија на подрачјето на Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево за самоизолација имаме 39 лица од кои за подрачјето на Македонска Каменица се 16 лица. Имаме голем дел и од тие што не се евидентирани. Засега немаме поголеми проблеми, бидејки полицијата може да контролира помал број, но доколку се дојде во бројка од 200, 300 кои ќе треба да се контролираат, тогаш ќе биде проблем, додаде Шумански.
Пробелмот со шоферите кои пристигнуваат на границата, како што додаде, ќе се решава со потпишување изјава од страна на возачите за самоизолација. За дотур на стока ќе се издаваат посебни дозволи од Центарот за јавно здравје за да може да се врши транспорт на стоката.