Доколку сте подигнале кредит по мај 2007 година, имате право да ги тужат банките поради провизиите кои незаконски ви се наплатени и да барате надокнада штета, вели претседателот на здруженеито Ефектив Дејан Гавриловиќ.
Тој изјави дека очекува да луѓето се одѕиват на повикот, а да со судската пресуда ја натераат NBS да реагира и ја спречи наплатата која е сперотивна на законот.
Дневниот весник Денес, објави на 9 мај со текстот под наслов „Банките незаконски земале повеќе од 60 милиони евра од граѓаните“. Во текстот се наведува дека банките спротивно на законот, од клиентите им наплатуваат поедини услуги, како што е на пример „надокнадата за пуштање на кредит во курсот“, „обработка на кредитниот зафат“, или „месечна надокнада за следење на кредитот“.
Има и такви банки кои наводно не плаќаат заем за обработка на кредитот, но затоа наплаќаат месечно одржување. На крајот, има банки кои го наплаќаат и едното и другото.
Доколку граѓаните, во овој момент би ги тужеле банките, од нив би можеле да наплатат вкупно повеќе од 66 милиони евра, и тоа без затезни камати, пишува Денес.
Здруженето за заштита на корисниците на финансиските услуги на „Ефектив“ најавија дека ќе ги повикаат своите клиенти да поднесат тужба против банките.
Претседателот на Ефектив Дејан Гавриловиќ изјави дека тоа здружение говори со години наназад дека таа надокнада е незаконска. Банката според Законот за облигациони односи не смее да наплатува ништо освен камата, како цена на чинење на кредитот, истакна тој.
„Во каматната стапка банките треба да ги искалкулираат сите трошоци кои ги имаат, и низ каматна стапка да ги наплатат трошоците, и да заработита, тоа не е спорно, но банките го работат тоа што го работат“, изјави Гавриловиќ и додаде дека тоа се случува, поради тоа што Народната банка на Србија го толерира таквото однесување.
„Влезете во банка, аплицирајте за кредит, тие ќе ви го одобрат и ќе ви наплатат провизија, ќе ви наплатат провизија за пратење на кредитот, сакате предвремено да го отплатите – тие ќе ви наплатат провизија и за тоа, сакате репрограм, тие го наплаќаат и тоа… – наведе претседателот на Ефектив.
ZaSe.mk