Голем број од компјутерските системи во светот би можеле да згаснат кога на 19-ти јануари во 2038-мата година часовникот ќе отчука 3 часот, 14 минути и 7 секунди. Всушност се работи за компјутерска грешка која ќе влијае врз сите компјутери, програми, сервери и геџети кои функционираат на 32-битен систем.
Споменатиот проблем е познат уште и под името “Year 2038 Problem” и е веќе докажан кога прочуената песна “Гангам стајл” прејде 2 милијарди прегледи и така го “расипа” бројчаникот на YouTube.
Сличен проблем се случи и во 2000-тата година, со таканаречениот “Millennium Bug” (Y2K), кога одредени компјутери не можеа да разликуваат дали е 1900-тата година или 2000-тата година.
32-битните системи користат четири бајти, што значи дека можат да користат 4GB меморија. Колку за споредба, 16-битните системи користат два бајти, додека 64-битните осум. Споменатите системи извршуваат задачи користејќи бинарни броеви (0 и 1), а максималниот број на различни цифри кои 32-битниот систем може да го претстави е 4.294.967.295. Меѓутоа, половина од овие броеви имаат негативна вредност, додека другата половина e позитивна, што значи дека реалниот број кој може да се прикаже е далеку помал (2.147.483.647 или хексадецимално, 7FFF,FFFF16).
Тоа во суштина значи дека постои ограничен простор во меморијата која може да се користи за складирање на сите бинарни броеви 0 и 1.
Веќе споменатиот бројчаник на YouTube е базиран токму на 32-битен систем, и тој се “расипа” токму во моментот кога бројот на прегледи ја надмина максималната вредност која тој можеше да ја прикаже. За да го реши проблемот, Google го префрли бројчаникот на 64-битна архитектура, која може да забележи дури 9.223.372.036.854.775.807 прегледи.
32-битните системи почетокот на времето го бележат почнувајќи од полноќ на 1-ви јануари 1970-тата година. Кога часовникот ќе отчука 03:14:07 на 19-ти јануари 2038-мата година, ќе поминат точно 2.147.483.647 секунди од кога споменатите системи започнале да го бројат времето и автоматски ќе дојде до грешка.
Компјутерите повеќе нема да можат да го разликуваат вистинското време и фатум, и 1901-вата година. Ова се нарекува уште и integer overflow, и значи дека бројчаникот останал без употребливи битови и ќе започне да пријавува негативни броеви. За некои уреди ова едноставно значи дека прикажаниот датум нема да биде точен, додека за други, кои се базираат на внатрешен часовник како би можеле да функционираат, ова би можело потполно да ги поремети.
“Year 2038 Problem” може да доведе и до пад на одредени програми. Многу мобилни телефони, системи за летање и автомобили, кои се базираат на чување на податоци за датумот и времето, ќе бидат потполно пореметени.
Споменатиот проблем особено ќе влијае врз Unix оперативниот систем кој ги придвижува Android и Apple телефоните, како и поголемиот дел од интернет серверите. Исто така, програмите кои работат со датуми кои дополнително ќе дојдат, ќе се соочат со проблем. Па така, софтверот кој гледа 20 години однапред, ќе мора да се ажурира најдоцна до 2018-тата година.
tocka.com.mk