Сите нуклеарни проби на Северна Кореја – упорни се за нуклеарка


Ова се главните нуклеарни проби и ракетни тестови на Северна Кореја, како и на санкциите воведени од Обединетите нации:

northkoreamissilecapabilities– 31 август 1998 година: Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел Таеподонг 1, но не успеа да лансира сателит во орбитата.

– 4 јули 2006: Пјонгјанг тестираше напредна ракета Таеподонг 2, но тестот беше неуспешен, јави ДПА.

– 9 октомври 2006 година – Северна Кореја ја изврши првата нуклеарна проба.

– 14 октомври 2006: Советот за безбедност на Обединетите нации воведе трговски санкции кон Северна Кореја и и забрани да извезува балистичка ракетна технологија како одговор на нуклеарната проба.

– 5 април 2009: Северна Кореја истрела ракета Унха 2 и соопшти дека со неа е лансиран сателит во орбитата, но експерти од други земји тврдеа дека не е забележан сателит.

– 25 мај 2009: Пјонгјанг ја изврши втората нуклеарна проба.

– 12 јуни 2009: Советот за безбедност воведе построги санкции, вклучувајќи и пресретнување на севернокорејските бродови.

– 13 април 2012: Северна Кореја лансираше ракета Унха 3 со голем дострел, која експлодира неколку минути откако беше истрелана.

– 12 декември 2012: Северна Кореја повторно истрела ракета Унха 3, при што овој пат лансирањето беше успешно и таа лансираше сателит во орбитата.

– 12 февруари 2013: Северна Кореја соопшти дека ја извршила третата нуклеарна проба.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1