Сите останаа без текст во судницата – Мајка го прегрна убиецот на нејзината ќерка (Видео)


Џордин Хоу (16) од Мајами во ноември 2012 година случајно ја застрела Лурдес Гузман де Хесус (12) во автобус на пат кон училиште. Мајката на настраданото девојче Ади де Хесус по две години за првпат се сретна со убиецот во судницата и го прегрна во знак на прошка.

1316070-majami„Во мојата 20-годишна кариера сум видела разни реакции и настани, но ова е првпат да видам мајка да го прегрнува убиецот на своето дете”, изјавила судијката Елен Су Вензер.

Тинејџерот на почетокот бил збунет од реакцијата на Ади, но набрзо и тој ја прегрнал и рекол дека му е жал.

Иако мајката на девојчето првобитно барала најстрога казна за Хоу, сега се согласила со одлуката на судијката тој да помине една година во центар за рехабилитација за малолетници.

Несреќниот случај се случил едно утро во училишен автобус. Хоу со себе го понел пиштолот на неговиот очув и им го покажувал на другарите, кога случајно истрелал еден куршум што завршил во грбот на Лурдес

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1