Сите осуммина за кои е побаран притвор се повикани во судот кај двајца судии


Осомничените не се приведени со полиција, туку се само повикани. Судот има ангажирано двајца судии, едниот е од организиран криминал. Она што се знае е дека одбраната на повиканите ја води адвокатот Никола Додевски.sud mk3

Вкупно се осуммина, но Специјалното обвинителство не го откри нивниот идентитет. По завршување на распитот судот ќе издаде соопштение за да извести дали на осомничените им е одредена мерка притвор. Таа мерка се одредува по три точки, како опасност од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото.

Одлуката на судот сигурно ќе биде позната дури утре. Осомичените за кои се бара притвор, но и за оние за кои не се бара, според СЈО учествувале во изборни нерегуларности.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1