Сити галери ќе се реконструира – нов рок за изведувач за барокната фасада


Град Скопје објави нов оглас за реконструкција на објектот во кој е сместен трговскиот центар „Сити галери“, а кој се наоѓа на плоштад Македонија. За реконструкцијата Градот и понатаму предвидува трошоци во висина од 2,7 милиони денари со кои фасадата треба да добие барокен стил, со антички столбови, капители и скулптури на женско торзо на нивото од првиот кат.

Како што велат од Градот, новиот оглас се распишува поради технички корекции во проектот.  Од таму велат дека идејното решение при тоа останува исто и непроменето.siti-galeri
-Споменатите детали од идејните и изведбените решенија остануваат, се работи за технички и конструктивни дополнувања на проектот – велат од таму.

Заинтересираните страни понудите треба да ги достават во Град Скопје до 16 октомври.

Инаку, ова е уште еден објект кој ќе се промени во барок иако неговиот автор не се согласи со тоа. Архитектот Славко Брезовски се спротивстави на планот на барокизација во медиумите, но неговите авторски права не беа испочитувани.

Идејниот проект за новата фасада на „Сити галери“ го изработиле Лазар Димов и Никола Стакинов, а основниот проект за претстојната реконструкција е дело на „Инком Инженеринг“ од Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1