СЈО бара затвор за Грујевски и алтернативни мерки за службеничките во УБК


Специјалното јавно обвинителство побара од судот затвор за поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски, а за службеничките во УБК алтернативни мерки. Обвинителката Ленче Ристоска рече дека конечно по една година дошло крај на постапката со прислушување. Македонија, како што рече таа, стана број еден во светот.

„Бевме изненадени кога во 2016 откривме дека се уништени системите за следење на комуникациите. Мотивот на ништењето на документацијата е да се спречи откривањето на лицата кои наредиле уништување на системите и да се отежне истрагата. Грујевски иако немал овластување, формирал комисија за ништење на документацијата. Службеничките во УБК морале да му ја одбијат наредбата оти е незаконска, рече Ристоска.

Службеничките извршиле увид во документацијата и противзаконски направиле пописна листа. Нема ниту опис на тоа што се ништи ниту образложение за која цел е потребно ништењето. Документацијата се ништи во исто време кога се уништуваат и системите за следење на комуникациите. Државниот архив не дал согласност на УБК за ништење на документите.

УБК е внесена во листата на институции за чување документација во УБК дури во 2016, а документите се уништени во 2015.

„За Грујевски бараме најстрога затворска казна бидејќи кривичното дело го извршил на најдрзок начин, со злоупотреба на моќта и авторитетот. Дополнително, тој побегна за да избегне одговорност“.

Олеснителната околност дека е татко на две деца, а е во бегство, според СЈО покажува негрижа за семесјтвото, т.е. ги оставил на цедило.

СЈО побара алтернативни мерки за 6те службенички на УБК. Ниедна не се покаја за стореното дело, СЈО побара тоа да се цени како отежителна околност.

Службеничките рекоа дека немале можност да бираат, дека постапиле по наредба на претпоставениот, а не со умисла. Дел од нив рекоа дека платата од УБК им е единствен приход.

За една од обвинетите службенички, СЈО побара да се цени нејзиниот придонес за расветлување на смучајот.

Ристоска во завршните зборови го цитираше и Теодор Рузвелт за правдата.

За одбраната нема кривично дело. Велат дека СЈО нема мандат да гони дела сторени во 2015, а мандатот на СЈО е за дела до 2015 година.

„Ова е проширување на надлежноста на СЈО, и доведува до правна конфузија“ рече Петар Василев, кој потенцираше дека СЈО е нанадлежно.

СЈО не понуди ниеден доказ кој го докажува кривичното дело, а надлежно е само Јавното обвинителство, според Василев.

Адвокатите на Грујевски и службеничките повеќе од еден час во завршните зборови се обидуваа да ги одбранат нивните клиенти.

Пресудата ќе биде соопштена во среда на 8-ми ноември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1