Специјалното обвинителство вчера го опколи централниот регистар на РепубликаМакедонија. Обвинителството добило судски налог да одземе документи од централниот регистар, но налогот е издаден од судот пред крајот на работниот ден и додека истражителите на Специјалното обвинителство пристигнале во институцијата, вработените биле пуштени да си одат, а објектот затворен, јавува Телма
Од специјалното обвинителство изјавија дека нивните истражители, помогнати од полициски сили биле пред зградата на Народната банка на Република Македонија во чии простории е сместен Централниот регистар затоа што стравуваат дека е можно некој да се обиде да уништи одредени документи и податоци. Од Специјалното обвинителство не откриваат за кои предмети се врши оваа истрага, односно со кои предмети и личности се поврзани документите што се бараат од централниот регистар.