СКАНДАЛ: CNN случајно откри – Леонардо Ди Каприо го добива Оскарот? (ФОТО)


Прилогот кој се емитуваше на Си Ен Ен за тоа како се прават статуетките за Оскар, а во кадарот се појави и плочка со натпис дека добитник е Леонардо Ди Каприо, предизвика вистински скандал.

leonardo di kaprio oskar1Во понеделникот беше емитуван прилог од Чикаго, од фабриката каде се прават златните статуи, кои ги доделува американската академија за филмски науки и уметности.

leonardo di kaprio oskarТоа не би било ништо необично, долклку потоа на Твитер не се појави слика која укажува на кадар од емисијата, а на кој се гледа плочка со изгравирано име на Леонардо Ди Каприо како добитник на Оскар за улогата во филмот Волкот од Волстрит.

Инаку, доделувањето на Оскарите е закажано за 3 март. Се поставува прашањето дало овој скандал ќе фрли сомнеж на годинешното доделување на Оскарите. Надлежните уверуваат дека тоа нема да влијае на најголемата филмска свеченост бидејќи се уште не е почнато гласањето по категории и тоа треба да се случи во петок на 14 февруари.

Исто така на плочките се впишуваат имињата на сите номинирани, а по доделувањето на победниците, останатите плочки се рециклираат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1