СДСМ: Груевски го „плаќа“ претседателот на ССМ за поддршка на Владата


Премиерот Никола Груевски потпишал решение со кое претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митревски, е назначен за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, само шест дена откако ССМ даде јавна поддршка на „контроверзните и штетни“ закони за администрација предложени од ВМРО-ДПМНЕ а усвоени од Собранието, тврдат од СДСМ.

Ваквото тврдење од најголемата опозициска партија го поткрепуваат со приказ на содржината на Решението кое било објавено во „Службен весник” на Република Македонија на 21-ви јануари 2014 година.

a413110d-3f89-451c-b151-c86fa3bd66d1

„Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија е платен од Владата, бидејќи со ова решение станал член во Управниот одбор на ПИОМ и си обезбедил уште една месечна плата”, додава претседателката на Советот за социјална политика од редовите на СДСМ, Мила Царовска.

Според неа, согласно законот (член 154 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување) еден претставник од Синдикат се избира во Управниот одбор, но досега не се случило да биде избран претседател на Синдикат, а ова покажува, како што рече Царовска, дека премиерот Никола Груевски „со својот попис го плаќа претседателот на ССМ, Живко Митревски”.

Од СДСМ прашуваат дали ова е „награда од власта за поддршката што ја добива владата на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ССМ на сметка на штетите по работничките права од усвојувањето на законот за администрацијата”.

По овој скандал, велат од СДСМ, Митревски не може повеќе да се промовира како заштитник на правата на работницитe

Makfax

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1