Скандал: Фолксваген лажирал колку се штетни моторите – ќе треба да плати 18 милијарди евра штета


Скандалот со Фолксваген околу вградување софтвер кој при тестирање ги прикрива реалните концентрации на емитувани штетни гасови предизвика реакции на правосудните органи во повеќе земји. Истраги покренаа САД и државите Њујорк, Франција, Германија и Јужна Кореа, чиешто министерство за екологија најави дека повторно ќе тестира 4 модели на возила на германската фабрика. Станува збор за приближно 40 илјади возила продадени од 2009-та во оваа земја.

„Моторите се исти, но сертификатите и стандардите за емисија на гасови се малку различни во секоја земја“, изјави официјален претставник на Фолксваген Кореа.folksvagen_1

Нема докази дека проблемот на Фолксваген со американските власти се проширил на  целата автомобилска индустрија, соопшти Европското автомобилско здружение.

„Нема докази дека ова прашање ја зафатило целата индустрија. Наскоро нормите ЕУРО 6 за дизел автомобилите ќе бидат тестирани во реални услови при возење, со што Европа ќе стане  единствен простор во светот каде што се вршат вакви проверки“ – велат од Здружението, нагласувајќи дека сите дизел мотори на пазарот со ознака ЕУРО 6 ги исполнуваат законските норми врз основа на резултати од лабораториски тестови.

Германскиот концерн се извини за пропустот преку изјава на главниот менаџер  Мартин Винтеркорн со ветување дека ќе се расветли проблемот, но смета дека во моментов не треба да се одговара на сите прашања.  Најголеми последици компанијата ќе претрпи на Американскиот пазар.

„Нашата компанија беше нечесна“, рече Михаел Хорн, генерален директор на Фолксваген за Америка.

Правните експерти проценуваат  дека германскиот гигант ќе треба само во САД за мамење на државата да плати обесштетување  од 18 милијарди долари. Годишниот обрт на Групацијата Фолксваген се проценува на 200 милијарди евра, а вработува 600.000 персонал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1