Прашање до Груевски: Дали истрагата за Телеком е стопирана поради 2 милиони евра за Мијалков?


Дали како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во 2006-та година знаевте за овој коруптивен Договор на Аналитико АИ? Дали Зоран Трајчевски за добро завршената работа го унапредивте во Претседател на Собранието на акционери на Телеком а потоа и за прв човек на Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги? Дали причината зошто запре истрагата за Телеком, а Марко Зврлевски се искачи на сите скалила во обвинителството, држејќи го овој предмет кај себе, е тоа што Сашо Мијалков му побарал или добил 2 милиони евра од Кондоминас?lokvenec
Ова се прашањата што денес од собраниската говорница му беа упатени на Никола Груевски од страна на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец.

Груевски одговори дека не знаел и дека во тоа време СДСМ  одлучувал за либерализацијата на телеком пазарот, па оттука СДСМ треба да одговори на овие прашања.

– За сите прашања на Локвенец мојот одговор е дека не сум знаел, а Трајчевски беше поставен поради неговото знаење и компетентност – рече Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1