Скандал: Клубот го користи фејсбук профилот на убиецот на манекенката да рекламира журка (Фото)


На Фејсбук профилот на Даријан Мусиќ, човекот кој зверски ја уби манекенката Владислава Червенко, луѓе од еден ноќен клуб ја поставија својата реклама.
Неколку недели откако Даријан Дача Мусиќ во Нови Сад зверски ја уби манекенката Владислава Червенко, луѓето од клубот „Студио“ дошле до морбидна идеја да се рекламираат на профилот на убиецот!
Профилот на Даријан во моментов го гледаат повеќе од 5000 луѓе, што за ноќниот клуб најверојатно било знак дека нивната реклама ќе привлече големо внимание, а тоа што се промовира на Фејсбук страницата на човекот кој на монструозен начин ја уби манекенката е ставено во втор план. Важен е публицитетот!

По реакцијата на новинарите рекламата е отстранета!

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1