Нов скандал се случи на Косово во кој е запалено македонското знаме. Ова, како што пренесува медиумот „gazetalajmi.com“, се случило на кошаркарскиот натпревар во Пеќ меѓу домашниот тим Пеја и Приштина (80-72), за која настапува Бојан Трајковски, а од клупата ја предводи тренерот Марјан Илиевски.
Повторно инцидентот го направиле навивачите на Пеја, таканаречени „Шќипоњат“, кои на трибините изгореле македонско знаме, а имале истакнато и навредливи транспаренти за Куманово, како и за поддршка на „УЧК“.
Екипа.мк