Скандал на изложбата за Тесла во Мадрид


Во срцето на Мадрид е отворена атрактивна изложба посветена на Никола Тесла, ја организираат музејот „Никола Тесла“ од Белград и фондацијата „Телефоника“, разгранок на истоимениот телекомуникациски гигант. Покровител е српската амбасада во Мадрид. Mapa-Muzej-NIkol-aTesla

– На влезот во службениот простор пишува „Никола Тесла се родил во 1856 г. во Смиљане, српско село во рамките на Австриското Царство“. Хрватска на изложбата не се споменува никаде – реагираат хрватските медиуми.

Владимир Јеленковиќ од белградскиот музеј на Никола Тесла напоменува дека изложбата нема никакви примеси на политика.

– Тука нема ништо спорно. Тесла е роден во Воена Краина во Австриското Царство, во Хабсбуршката монархија, која во времето на раѓањето на Тесла бил под директна австриска управа. Тогаш таа немала никаква врска со Хрватска и таа во ниедна варијанта не може да биде земјата на генијалниот истражувач – додава Јеленковиќ.

Изложбата од денеска патува во Мексико, Аргентина, Бразил и во Чиле. Имено, таа ќе биде поставена дури во 14 земји во Латинска Америка поради големиот интерес. Меѓу експонатите се фотографии и лични записи, како и 3Д-анимирани пронајдоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1