Здивот ми застана гледав како земјата се лизга кон куќата – свлечиште закана за куќи во битолско


Во првиот момент помислив дека удри земјотрес. Прво слушнав силно завивање, а потоа страшен удар. Иако поради поројниот дожд што цело време паѓаше бев малку задреман, веднаш станав и излегов надвор. Кога видов, навистина се стаписав. На неколку метри од мене земјата буквално се лизгаше кон мојата куќа. Не знаев што да правам. Нозете ми се пресекоа. Здивот ми застана. Во тој момент прво што помислив беше како да го извлечам семејството од дома и да ја напуштиме куќата. Вака Драган Масалковски од битолското село Кукуречани, кое се наоѓа само на десетина километри од Битола, го опишува моментот кога веднаш на ридот над неговата куќа се појави свлечиште. Svleciste na ulicata kaj italijanska ambasada (4)
Кога се појави свлечиштето над Кукуречани стручните екипи од општината Битола и градоначалникот Владимир Талески го посетија селото и, откако ја увидоа состојбата, го советуваа Драган, чија куќа е најмногу загрозена, да го напушти домот и да се пресели во други објекти. Но тој одлучи да остане во куќата. Иако таа во моментот не е загрозена за живеење, сепак сликите кога се случи свлечиштето кај Драган и натаму предизвикуваат морници по телото.

Екипи од Институтот за земјотресно инженерство од Скопје излегле на терен и го уверувале дека свлечиштето не е активно и дека нема опасност од нови лизгања. Тој сепак бара да се санираат штетите и да се изгради потпорен ѕид, за да се спречи секаква опасност од појава на нови свлечишта.

Нова Македонија

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1