Путин: Донесете ми го жив хрватскиот командант!


Токму кога во хрватската влада помисли дека делегацијата која наредната недела ќе отпатува во Москва ќе успее да ги олабави тензичните хрватско-руски политички односи, неочекувано искрсна проблем помеѓу хрватските платеници во украинската војска.

Кога министерката за надворешни работи Весна Пушиќ отворено признала дека хрватските воени доброволци учествуваат во воените акции против проруските сили на територијата на Украина, службено изреагира Министерството за надворешни работи од Руската федерација, кое изразило голема вознемиреност.ustasi vo ukraina

Се доведува до прашање законитоста и учеството на хрватските граѓани во операциите на украинските воени структури. Ги повикуваме Загреб и челниците на другите држави чии граѓани се врбувани во вооружените сили на Украина да ја спречат таа пракса – стои во депешот на руското Министерство за внатрешни работи.

Се поставува прашањето зошто Москва небично остро ја критикува Хрватска и повикува на заминување на хрватските платеници во Украина. Според руските извори, Москва им паднала во око не поради бројноста туку поради положбата на поединечните платеници за кои се сомнева дека се од Хрватска.

Имено, руските служби сретнале разговори помеѓу неколку единици од Азов бригадата, која е составена од странски платеници, а која се бори на страната на Киев и има злогласен углед помеѓу проруските сили.

Поконкретно командантот од 13-от резервен баталјон во внатрешноста на бригадата Азов често со другите команданти со кои се наоѓа на терен комуницира на јазик на кој Русите претпоставуваат дека е хрватски.

Сеуште не е познат идентитетот на тој командант, а проруските војници му го дале името Хорват, односно Хрват. Овој непознат човек неодамна телефонски се приклучил во телевизиска програма во живо каде на украински јазик зборувал за успесите на своите војници. Простување за злосторството.

Поради големите успеси на 13 резервен баталјон во борбите против сепаристите, проруските команданти организирале посебна единица која барем додека службено не стапи во примирје, се обиде да го фати командантот Хорват и жив да го приведе.

Сепак, според новата верзија на мировниот договор од Минск, бригадата Азов ќе биде распуштена а евентуалните воени злосторства нема да бидат процесуирани. Доколку во Украина се затишат топовите, се наметнува прашањето која е судбината на Хорват за кого русите веруваат дека е Хрват. Дали ќе се врати во татковината или ќе оди на некоја нова воена авантура?

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1