Скандал: Нацист – Шеф на Гестапо бил погребан на еврејски гробишта


Шеф н а Гестапо, тајната полиција на нацистичка Германија и еден од организаторите на Холокаустот, Хајнрих Милер, погребан е на еврејски гробишта во Берлин во 1945 година, објави германски „Билд„

hitler atentat 2Судбината на Хајнрих Милер, веќе 68 години не е јасна, но весникот на основа на документи кои ги пронашол еден историчар, тврди дека тој починал на крајот на Втората светска војна и дека е закопан во заедничка гробница на едни еврејски гробишта во централен Берлин.

-Милер не го доживеа крајот на војната- објаснува историчарот Јоханес Тухел.

Долго се мислело дека Милер ја преживеал војната. Во еден документ на германската известувачка служба се вели дека Милер во текот на летото 1949  година, престојувал  во поранешна Чехословачка.

Според Тухел, тајната служба не била во право.

-Телото на Милер лежи во еврејска гробница во близина на поранешното министерство за авијација на нацистичка Германија- рече тој, додавајќи дека тој бил облечен во униформата на генерал и дека во внатрешниот џеб, освен лични работи имал и службена легитимација со фотографија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1