Навали народе – поевтинија СМС пораките


Големопродажните цени за говорни услуги и за СМС-пораките во мобилната телефонија, од денеска се намалуваат. Цените за интерконекција кај говорните услуги паднаа од досегашните 4 и 3,2 денари на сегашните 1,2 денари и важат симетрично за сите оператори.

SMS

Исто така, паднаа и големопродажните цени за СМС-пораките од досегашните 2 денари на 0,5 денари. Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) очекува после ова намалување и мобилните оператори да ги намалат цените на СМС-пораките за своите корисници за 75% и истите да чинат 1,25 денари (досега беа 5 денари).

– Овие цени имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да ја користат оваа услуга на мобилните оператори која во изминатиот период регистрираше драстично намалување. И како во делот на СМС така и во делот на говор, намалените големопродажни цени треба да бидат услов да се намалат цените за зборување по мобилен и за крајните корисници – велат од АЕК.
Од мобилните оператори ги поздравија новите цени.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1