Слепо момче кое може да гледа без очи (Видео)


Неверојатна приказна за Бен Андервуд, слепо момче кое научило како да развие вештини кои му овозможуваат да подготви детален ментален план на неговата околина.

Бен живее со своето семејство во предградието на Сакраменто, Калифорнија, каде оди во локалното средно училиште. Како и секое друго 14-годишно момче и тој сака да си игра со неговите пријатели и да разговара со девојки на неговата возраст, помеѓу кои се чини дека е популарен.

benТој изгледа како и секое друго момче, се додека не ги отстрани неговите 4,600 долари вредни стаклени очи. Бен е слеп и како и другите слепи лица, се потпира на некои специјалистички опреми за да преживува. Тој користи говорен компјутерски софтвер и Брајово писмо кое му помага со неговата домашна задача.

Бен нема куче водич, не користи вообичаен стап за слепи, па дури и не ги користи своите раце за да му помогнат во својата мобилност. Наместо тоа, тој има развиено нешто во вид на супер чувство: тој е единствениот човек во светот кој се снаоѓа со користење на кликнувања со јазикот. Додека се движи тој прави континуирани кликнување со неговиот јазик. Со ехото на овие кликнувања, тој е во состојба да изготви детален ментален план на неговата околина и да ги приспособи своите насоки соодветно.

Оваа вештина ја забележал на 7 години и отогаш непрекинато вежбал и се усовршил до таа мера што може да вози велосипед, ролерки и тоа без ничија помош.

Фактот што е самоук ги тера луѓето да го нарекуваат гениј кога му се обраќаат на ова младо момче.

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1