Повеќето членови на германскиот Бундестаг, ја кренаа раката за закон со кој правото на вода е исфрлено од листата на основните човекови права. Инаку тоа е еден ид на цивилизациското достигнување на Обединетите нации по Втората светска војна.
Реакциите на законот само што почнуваат да пристигнуваат, а повеќето луѓе кои коментираа ја делеа огорченоста од фактот дека германскиот парламент усвои ваков шокантен закон, кој правото на вода го исфрла од списокот на човекови права.
Оваа постапка во Бундестагот се уште не предизвика никакви реакции кај нас, но во Хрватска веќе беше прогласено движењето „Окупирана Хрватска“, која на својата фејсбук страница го напиша следното:
„Мислам дека ова е почеток на крајот на една цивилизација каква што ја знаеме.
После ова ќе биде јасно дека озлогласениот закон за стратешката инвестиција, е само еден дел од ѓаволскиот план, на огромното мнозинство во европските влади, односно нивните вазали.
Мислам дека сега на сите ви е јасно зошто обичните, па и сите неважни европарламентарци имаат 8000 евра плата и им се платени сите видови на трошоци. Сеуште не сме влегле во пеколот, иако сме пред самата порта“, било напишано од страна на движењето. „Ние се бориме за живот, за добро, за слобода, за правда и за еднаквост, за човекот“.