Скандал: Ракометарите ќе висат по аеродроми наместо да стасаат во Шпанија на првенството


Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Шпанија нема да стаса навреме во Шпанија каде веќе требаше да започне со подготовките за првенството.

rfmКако што пренесува порталот Мкд.мк денеска е откажан чартер авионот со кој ракометарите и навивачите требаше да замине за Севилја идниот петок, на 11 јануари.

Туристичката агенција „Орфеј“, го откажала летот за Севилја поради малиот интерес (се пријавиле само дваесетина патници бидејќи чинело околу 700 евра). Ракометарите сега ќе одат со редовни линии.  Порталот пишува дека ракометарите ќе мора да скратат еден ден од подготовките во Скопје, за Севилја да тргне евентуално на 10 јануари, еден ден порано од предвиденото и тоа најверојатно со редовна линија од Софија до Рим, од каде што потоа ќе се бара конекција за Севилја со некоја од нискобуџетните авиокомпании. Тоа значи губење на драгоцени 24 часа во подготовките за Мундијалот, ракометарите ќе бидат неверојатно измалтретирани поради петчасовниот пат кон Софија со автобус и целодневното киснење по аеродроми.

Ракометарите во Севилја на 12 јануари во 15.45 часот ги чека првиот меч со Чиле.

 Извор – Мкд.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1