Скандал: Се богатат на мигрантите – 100 ден леб, 500 евра за велосипед


Наплив на мигранти деновиве. Низ Македонија а и на автопатот во Србија можат да се забележат огромна група на мигранти кои се качени на велосипед. Репортер на Mk news вели дека пред границата со Македонија, веќе на српско тло забележал најмалку 4 групи од по 50 мигранти и сите биле на велосипед. Она што загрижува е информацијата дека тие велосипедите ги набавиле во Македонија и тоа по огромна цена. Некој се богати на грбот и маката на овие луѓе!!tocak migranti

Според информациите од завчера тие имаат нова тактика – да патуваат со велосипеди по автопатот од Гевгелија па се до границата и низ Србија. Тоа ги поскапе велоспедите, кои досетливите трговци во Демир Капија ги продаваат од 300-500 евра.

Откако полицијата им оневозможи да се возат со воз, тие го избраа велосипедот како нивно превозно средство. Желбата е да се стигне до Скопје, а потоа и до Србија.

Најевтин велосипед за мигрантите чини 100 евра. Векна леб најевтино им се продава по 100 денари, литар „кола-кола“ е од 200 денари па нагоре.

Згора на се, тие качени на велосипед претставуваат огромна опасност за сообраќајот. Сето тоа се одвива пред очите на полицијата, која само набљудува и тука е за да спречи евентуален проблем со локалното население.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1