Томе Димишковски, советник во општината Кисела Вода од редовите на партијата ТМОРО – ВЕП и актуелен претседател на Регистрациската комисија на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), веќе неколку месеци се наоѓа во затвор на Истанбул откако кон крајот на мај годинава бил уапсен на аеродромот со 20 килограми хероин, пренесува Мкд.мк.
Дрогата била пронајдена во ранецот на неговата малолетна внука, кој во тие моменти се наоѓал во рацете на Димишковски. Се очекува судење.
Како што јавува мкд.мк дури во понеделникот по цели 6 месеци од инцидентот општината му го одзела советничкиот мандат. Димишковски е и висок функционер во МКФ, од каде што доаѓа информација дека предводниците на македонската кошарка не знаеле за неговото апсење во Истанбул. Тој е и поранешен комесар за натпреварување.