Скандал во авион – летва пијан патник морало да го врзат за седиштето (Фото)


Патниците во екипажот на летот Рејкјавик-Њујорк не можејќи повеќе да издржат морале да го врзат со самолеплива лента еден од патниците кој бил под дејство на алкохол. Во последниот ден од 2012 година и две дами со своето непримерно однесување успеале да призејмат авион на пола пат од Лондон до Тунис.

Putnik te 1Непослушните патници се реалност во авио-превозот, но изгледа дека празничното расположение влијае на тоа, да нивниот број постојано расте. Атмосферата и неколкуте чашки алкохол го понеле еден од патниците во авионот на летот Рејкјавик-Њујорк од компанијата „Icelandair“, до тој степен што останатите патници со помош на екипажот биле принудени да го врзат.
Според зборовите на сведоците кои и го фотографирале настанот, патникот се обидел да ја удави жената која седела до него, и се заканувал, ја пцуел и тврдел дека авионот ќе падне.
Човекот не можел да мрдне од самоепливата лента со која бил врзан преку целото тело и уста.
Дури тогаш присутните можеле да се опуштат и во мир да го минат остатокот од летот. Веднаш по слетувањето, немирниот патник бил префрлен во болница, а најверојатно никакво обвинување нема да биде покренато против него.

Два дена порано, пилотот на авионот на компанијата „Бритиш ервејз“, на линијата Лондон-Тунис, морал да го сврти авионот и принудно да слета поради однесувањето на две пијани жени. Авионот непланирано слетал на аеродромот во Лион, во Франција, поради однесувањето на двете жени кои биле на возраст од 43 и 50 години, а се обиделе на сила да влезат во пилотската кабина, да ги навредуваат членовите на посадата и да пушат во тоалетот.
Двете жени ја поминале новогодишната ноќ зад решетки, а утредента кога се отрезнале биле вратени во Велика Британија.

Putnik te 1

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1