Скандал во Прилеп: Жена обвинува дека бебето ѝ починало од нестручно породување


28 годишната Мери Стојаноска отишла да се породи во болницата во Прилеп, а од таму заминала со тешки комликации и бебе кое починало по четири дена на Клиниката за детски болести. Стојаноска обвинува за нестручно изведена интервенција за време на нејзиното породување на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп и бара одговор од надлежните од што почина нејзиното новороденче, пренесува НоваТВ. slika meri
Оваа млада жена за НОВА раскажува дека имала нормална бременост која редовно ја следел матичниот гинеколог. Поради изминување на терминот на 13 јануари матичниот гинеколог ја упатил на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но таму не ја примиле со образложение дека се уште е рано за породување.

Стојаноска вели дека породувањето го извршила лекарка гинеколог од Клиничката болница во Битола, која во Прилеп доаѓала бидејќи таму немало доволно гинеколози. На Отпусната листа стои дека Стојаноска родила живо машко бебе тешко 4,200 грама и дека се испишува во општа добра состојба. Но, Стојаноска тврди дека не е така. Во текот на породувањето додека била приклучена на ЦТГ апарат, отчукувањето на срцето на бебето престанало да се слуша, по што настанала паника во салата за породување.document10

Бебето било испратено на интензивното одделение на Клиниката за детски болести каде на 30 јануари, четири дена по приемот, починало. Во Отпусната листа стои дека новороденчето починало од сепса и тешка породилна асфиксија (слабо снабдување со кислород на телото кое резултира со потешкотии во дишење). Направена е обдукција на телото, но семејството Стојаноски се уште го нема добиено резултатот.

За скандалот да биде поголем, по излегувањето од болница здравствената состојба на Стојаноска се влошила и петтиот ден со тешко крварње била примена во приватната болница Плодност. Таму и е извршена хируршка интервенција бидејќи при породувањето и биле заборавени делови од плацентата.

На 7 февруари Стојаноска поднела барање до Министерот за здравство Никола Тодоров и до Државниот санитарен и здравствена инспекторат да го испитаат случајот. Но, досега не добила никаков одговор.

Целата сторија и фотографии на – НОВАТВ

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1