Скандал во скопска градинка: Децата се принудени да се молат


Градинка во Македонија повеќе личи на верско училиуште, отколку на установа за едукација и за згрижување деца.

Во детската градинка „Пчела“, која се наоѓа во Скопје, врз основа на фотографии и видеа што ги има објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“, може да се види дека таму децата активно се занимаваат со учење на исламот, иако тие се на многу мала возраст.

Една сликата го покажува времето кога децата учат да се молат во согласност со исламската религија. Таму се гледаат околу 20 деца, од кои повеќето се девојчиња, кои се забулени со шамии, според исламските верски правила.

Во меѓувреме, на видеото се гледаат децата што одат околу импровизиран објект, кој изгледа како градбата на Каба во Мека, Саудиска Арабија, земја каде што исламските верници ја исполнуваат обврската аџилак. Каба се смета за најсветиот објект за исламските верници, пренесува косовскиот весник „Газета Метро“.

Многу луѓе го изразиа своето незадоволство за ваквото однесување на градинките кон децата велејќи дека тие треба да се едуцираат и да ги добијат основните знаења од науката, а не на толку рана возраст да ги учат религиските обреди.

Децата, според сликите, се Албанци, бидејќи меѓу објевените фотографии имало и такви на кои децата имаа облека со национални албански симболи.

Меѓутоа, имало и такви што преку коментарите го изравуваа своето задоволство од тоа што го гледаа, некои од нив биле и родители на деца од оваа градинка.

Но откако веста се прошири по медиумите, детската градинка „Пчела“ во Скопје, Македонија, која покрај верските обреди ги учи децата и да се молат, ги избриша сите фотографии и видеа и, исто така, ја затвори и официјалната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“.

//gazetametro.net

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1