Скандали во врвниот спорт кои го потресоа светот


Спортистите и челниците на клубовите често се на удар на критики поради непромислени потези или поради слабоста ги разочаруваат навивачите и стануваат негативци за кои зборува целиот свет. Ова се некои од скандалите во врвниот спорт кои се паметат.

sportisti sok ubistva

Тајгер Вудс

Славниот голфер го потресе спортскиот свет во 2009 година со прељубнички скандал. Откако неговата сопруга Елин Нордгрен го откри неверството, го дочека пред нивниот раскошен дом па со голф палка ги искрши стаклата на автомобилот и му нанесе повреди. Ѕвездата подоцна призна дека спиел со многу жени што му нанесе јавен срам, како и откази на многу спонзори.

Ленс Армстронг

Американецот беше добро образуван и сакан, па долго ги негираше обвиненијата дека дел од кариерата ја минал на допинг. Неодамна во интервју кај Опра Винфри призна дека ја мамел јавноста и со измама ги освојувал трките на Тур де Франс со што стана најомразен спортист во САД.

Ешли Кол

Англискиот фудбалер Ешли Кол во 2010 година беше фатен како испраќа љубовни пораки и свои голи фотографии на моделот Сонија Вајлд. Неговиот брак со пејачката Шерил Кол набрзо заврши, а тој се запиша на неславната листа на прељубници. Слично помина и Вејн Руни, но и покрај аферата со проститутката Џени Томпсон, сопругата остана со него и сега очекуваат второ дете.

Рајан Гигс

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс ја засени својата славна ѕвезда откако беше откриено дека дури осум години имал афера со сопругата на неговиот брат Родни, Наташа. – Од секогаш мислев дека е добар човек, но сега знам дека не е. Тој е срам, најобичен црв. Никогаш не се извини и убаво е да се знае дека ми го уништи животот поради секс. Знам дека имавме подеми и падови, но ова е дно на дното, изјави разочарано братот на Рајан, Родни. Гигс успеа сопругата да ја изневери и со една натпреварувачка на Биг Брадер, Имоген Томас.

Вијендер Синг

Индиецот кој за својата земја го освои првиот олимписки медал во бокс, оваа недела беше ставен под полициска истрага поради сомнежите дека бил поврзан со дилер на хероин и конзумирал дрога. Неговиот пријател, исто така боксер, Рам Синг и призна на полицијата дека во неколку наврати земале хероин мислејќи дека конзумираат додаток на храна?! – Не знаевме дека земаме дрога, ни рекоа дека тоа е додаток на храната кој дава сила и издржливост. Откако сфативме што правиме, престанавме, изјави Рам на полициското испитување. Рам е исфрлен од Националниот спортски институт, а Вијендер одби на полицијата да и даде крв и примерок од косата и одби да соработува во истрагата.

Хансе Кронје

Јужноафриканскиот крикет играч во 1996 година беше дел од скандал со обложувања. Тој примил 65.000 фунти за да намести неколку натпревари, поради што доживотно е исфрлен од спортот. Загина во авионска несреќа во 2002 година.

Мајк Тајсон

Американската боксерска легенда беше обвинет поради силување на Дезире Вашингтон во хотелска соба во 1991 година. По драматичното судење во 1992 година тој беше осуден на шест години затвор (плус четири години условна казна), а неговиот адвокат тврдеше дека 18-годишната девојка „го наместила“ Тајсон поради публицитет. Тајсон конечно по три години излезе од затвор.

Роналдо

Славниот бразилски фудбалер не се ни сомневал дека поради забава во хотелска соба ќе заврши во медиумите низ целиот свет. Пред пет години својата девојка ја донел дома и потоа собрал три проститутки за кои се откри дека биле трансвестити. Роналдо на полицијата и рече дека бил жртва и дека од него се обиделе да извлечат пари.

Силвио Берлускони

Долгогодишниот претседател на Милан се најде во центарот на скандал со проститутки од кои едната малолетна. Карима ел-Махруг, позната како Руби Рубакуори, на истражителите и рекла дека кога имала 17 години била редовен гостин на неговите бунга-банга забави. Поранешниот италијански премиер ги отфрли обвиненијата тврдејќи дека се темелат на глупости. – Истрагата е толку апсурдна што во вистинска смисла не заслужува коментар, порачаа адвокатите на Берлускони.

Оскар Писториус

Најславниот параолимпиец на светот ги „запоседна“ светските медиуми поради убиството на неговата девојка Рива Стинкамп. На Свети Валентин во нивниот дом во Преторија Писториус испука четири куршуми во Стинкамп, а на полицијата и рекол дека мислел оти пука во натрапник. Тој е пуштен е да се брани од слобода и судот допрва треба да утврди дали тоа било несреќен случај или убиство со предумисла, како што тврди Обвинителството.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1