Скандалозна тепачка во ЕП: Се истепаа пратеници, еден колабираше (ВИДЕО)


Стивен Вулфи, европски парламентарен застапник на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) заврши во болница во Стразбур по судирот во текот на состанокот на европските застапници на таа партија.Во кусата изјава за јавноста в.д. претседателот на партијата Најџел Фараж рече:stiven-vulfi-foto

„Длабоко жалам што по судирот кој утрово се случи на состанокот, еврозастапникот на УКИП Стивен Вулфи колабираше и мораше итно да биде однесен во болница. Неговата состојба е сериозна. Чекам детални медицински наоди по што подетално ќе ве известам“.

Според извори од партијата, Вулфи имал „епилептичен напад“ и потоа се онесвестил по физичката пресметка со колегата Мајк Хокемом. Вулфи и Хокемом наводно се скарале поради шпекулацијата дека Вуфи би можел да пребегне во Конзервативната партија.

Меѓутоа нешто подоцна Вулфи даде изјава од болница во која порача дека е добро и дека ќе остане ноќеска таму поради дополнителни анализи, јави Гардијан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1