За тоалетот да ви мириса убаво со денови, потребни ви се само две работи


Уште еден корисен совет посветен на хигиената во домот, трик со кој ќе направите освежувач на воздухот за вашата бања. Да се одржува свеж воздух во оваа мала, а исклучително влажна просторија, некогаш е навистина мачно, но и скапо. За да имате супер природна арома, не ви се потребни вештачките освежувачи, кои ем се хемикалии, ем се непостојани.toaletna-hartijaaa

Ова е природен, евтин и постојан освежувач. Се прави брзо и едноставно, а потребно ви е: ролна тоалетна хартија и етерично масло, ништо повеќе.

Капнете неколку капки етерично масло на кочанот од ролната (картонскиот цилиндер на кој е намотана тоалетната хартија). Мирисот ќе остане додека не ја потрошите ролната. А бидејќи најчесто освен таа што се користи, во вецето има и ролни кои чекаат, можете да го сторите истото и со нив.

Мириса одлично, особено кога ја одмотувате ролната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1